1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поддржувачите на Асанж ќе мораат да ја платат гаранцијата

БГ/дпа8 октомври 2012

Групата која гарантираше за пуштањето на Асанж на слобода ќе мора да ја плати кауцијата, откако тој избега во амбасадата на Еквадор во Лондон.

https://p.dw.com/p/16MNC
Фотографија: REUTERS

Судот во Лондон денеска им нареди на поддржувачите на основачот на Викиликс Џулијан Асанж кои гарантираа за него да ја платат кауцијата од 150 илјади долари до почетокот на следниот месец.

Девет лица гарантираа за Асанж откако тој беше уапсен во Лондон во декември 2010 година. Но, на почетокот на годинава основачот на Викиликс побегна од домашниот притвор откако не успеа да ја спречи екстрадицијата во Шведска каде е осомничен за сексуален напад.

Асанж побегна во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде подоцна му беше доделен и политички азил, кој британските власти не го признаваат.

Судот во Лондон денеска пресуди дека групата која дала гаранции за Асанж сега ќе мора да ја плати кауцијата.

Асанж тврди дека обвиненијата против него во Шведска се изнесени со единствена цел тој подоцна да биде екстрадиран во САД каде би бил обвинет за улогата на Викиликс во објавувањето на доверливите документи на американскиот Стејт Департмент.