1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поддршка за што побрзи избори во Ирак

13 февруари 2004
https://p.dw.com/p/AcPz
Експертскиот тим на ОН кој е во Ирак, се сретна со највисокиот духовен водач на Шиитите, големиот ајатолах, Али ал Хусеини ал Систани. Специјалниот пратеник на ОН, Лакдар Брахими по разговорите изјави дека го поддржал барањето на Систани за што поскоро создавање влада во Ирак и општи избори во земјата.

Зборот на шиитскиот голем ајатолах има тежина. Брахими отпатува во светиот град Наџаф под строги безбедносни мерки. Духовниот водач, со оглед на постојаните напади, е добро чуван и веќе долго време не ја напушта својата куќа. Гости од странство прима многу ретко, а со американскиот цивилен управник во Ирак, Пол Бремер, досега воопшто не се сретнал. Али ел Систани вчера уште еднаш го подвлече својот став дека мора да има директни избори и тоа ако е можно уште пред јуни. По двочасовни разговори, Лакдар Брахими, преку својот портпарол Ахмед Фавзи, соопшти:

"Прашањето гласи - дали е можно да се одржат избори до јуни. Ако одговорот е не, тогаш мораме да развиеме постапка која ќе им помогне на Ирачаните да ја вратат својата сувереност што е можно побргу."

Брахими денеска се враќа во Њујорк, а неговиот итм останува во провинциите да ја преиспита состојабат. Генерланиот секретар на ОН, Кофи Анан, потоа врз основа на тие сознанија на 21 февруари треба да ја соопшти својата препорака, се вели во кругови на ОН.