1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Подигнато обвинение против четворица осомничени членови на Ал Каеда

ЕМФ/дпа3 мај 2012

Германското државно обвинителство денеска (03.05) подигна обвинение против четворица осомничени членови на Ал Каеда, кои планирале терористички напад во Германија.

https://p.dw.com/p/14oq3
Фотографија: DW/Fotolia-Oleg_Zabielin/Cmon/FelixPergande

Четворицата обвинети, според обвинителството, планирале „терористички напад кој ќе предивика внимание“ во Германија. Целта на нападот не била определена. Обвинетите беа уапсени во 2011 година во Диселдорф и Бохум и досега беа во истражен затвор. Тие се обвинети и за членство во странско терористичко здружение.

Глава на таканаречената Диселдорфска ќелија, според обвинителството, бил 30-годишнито Мароканец Абделадим Е. Тој бил „регрутиран“ од тогашниот „министер за надворешни работи“ на Ал Каеда, шеикот Јунис ал Муретани. Според досегашните сознанија, тој престојувал во камп на Ал Каеда за обука, на авганистанско-пакистанската граница, каде бил обучуван да ракува со оружје. Таму бил запознат и со методите на работа на Ал Каеда, а добил и пристап до упатствата за изработка на експлозиви и компјутерски програми за продукција на видео снимки на кои се презема одговорност за напади, соопшти обвинителството во Карлсруе. По четиримесечна обука, Абделадим Е. допатувал во Германија, во мај 2010 година, каде регрутирал тројца познаници од студентските денови - 32-годишниот Џамил С., Германец со мароканско потекло, кој требало да му биде десна рака, како и 20-годишниот Германец со иранско потекло Амид Ц. и 27-годишниот Германец Халил С., кои биле предвидени за логистички задачи.

Групата беше откриена кога на почетокот на април 2011 година се обиде да изработи експлозив од потпалувачи на скара.