1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Подршка од Путин за Абас

1 август 2007

Претседателот на Палестинците Абас беше примен од рускиот претседател Путин. Русија е единствен од членовите на Блискоисточниот квартет кој одржува контакти со радикално-исламситичкото палестинско движење Хамас.

https://p.dw.com/p/BOjn
Абас и ПутинФотографија: AP

Русија ги подржува напорите на Махмуд Абас за надминување на конфликтот меѓу ривалските палестински движења Фатах и Хамас. Претседателот Владимир Путин нагласи: “Јас и сите ние знаеме колку е тешка вашата ситуација, ситуацијата на целиот палестински народ. Нашата позиција не се менува. Ние сме за одбрана на правата на палестинскиот народ за основање независна држава. Би сакал да Ве уверам дека ние и натаму ќе ве подржуваме како легитимен претставник на палестинскиот народ”.

Во интервјуа за руски весници пред средбата со Путин Абас рече дека со Хамас ќе разговара дури откако тоа движење ќе се откаже од контролата врз појасот на Газа. “И покрај државниот удар што се случи во Газа, ние чувствуваме одговорност за животот на нашиот народ. Ги повикуваме државите што ни се пријателски настроени да ни упатат хуманитарна помош” – рече Абас по разговорот со Путин.

Русија искажа подготвеност да даде хуманитарна помош, а на безбедносните органи на претседателот Абас им подари 50 оклопни возила-гасеничари, кои треба да послужат за воспоставување и одржување на јавниот ред и мир. Испораката беше најавена пред повеќе години, а треба да биде извршена сега.

Абас не се осврна директно на контактите на Русија со раководството на Хамас, кое има седиште во сирискиот главен град Дамаск. Делегација на Хамас се очекува наредните денови да ја посети Москва. Руското раководство најави дека ќе ги редицура контактите со Хамас, но ќе ги одржува за да може да поттикнува дијалогот меѓу палестинските фракции.

Хорст Клојзер