1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пожарите во Грција го губат интензитетот

30 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BZi3

Пожарите во Грција денеска губат на интезитет и поголемиот дел од нив се ставени под контрола. Синоќа десетици илјади демонстранти во повеќе градови во Грција протестираа против лошиот менаџмент на владата на кризата со пожарите. На властите им се префрла дека во изминатата деценија го игнорирале проблемот на подметнување пожари за да се добие градежно земјиште. Само во главниот град Атина вчеравечер протестираа околу 15 илјади луѓе.