1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пожари – последици

29 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BZBx

ЕУ очекува последиците од пожарите во Грција да бидат огромни. Според проценките на евро-комесарот за екологија, Ставрос Димас, на погодените региони им се закануваат поплави поради тоа што дождовната вода веќе не може да пропаѓа во изгорената почва. Освен тоа, пожарите, поради големите количества јаглерод диоксид кој се испушта во атмосферата, се голем товар за климата.

Пожарите, инаку, губат на интензитет. Според властите, пожари има уште само во 36 општини. Оптимисти се и противпожарните единици, кои сметаат дека е можно сите пожари да бидат ставени под контрола веќе денеска. Во огнената стихија во изминатите шест дена животот го загубија 64 лица, а уништени се 184 илјади хектари земја.