Пожарот на Галичица под контрола
26 август 2007Реклама
Пожарот кој изби во македонскиот национален парк Галичица е под контрола, но се уште не е изгаснат. Кризниот штаб вели дека имаат информации оти пожарот е подметнат, најверојатно од дрвокрадци. Во пожарите кои пред еден месец ја зафатија Македонија изгореа околу 5000 хектари шума.