1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Пожар во бегалски логор во Франција

ЖА
11 април 2017

Пожарот во бегалскиот логор брзо се проширил и целосно изгореле сите 300 дрвени бараки. Десет лица се повредени.

https://p.dw.com/p/2b2AA
Frankreich Brand in Flüchtlingslager nahe Dünkirchen
Фотографија: Getty Images/AFP/P. Huguen

Во пожарот во бегалскиот камп близу Денкерк, во северна Франција, изгореле целосно околу 300 дрвени бараки, како што соопшти полицискиот префект Мишел Лаланд. Огнот избил истовремено на повеќе места во логорот Гранде-Синте, поради што постои сомневање дека бил подметнат.

Десет бегалци се здобиле со изгореници. Околу 1500-те бегалци, меѓу кои голем дел деца, се пренесени на безбедно место и ќе бидат прераспоредени во други сместувалишта.

Frankreich Brand in Flüchtlingslager nahe Dünkirchen
Фотографија: Getty Images/AFP/P. Huguen

На пожарот, според сознанијата на полицијата, им претходела масивна физичка пресметка меѓу авганистански и ирачки бегалци, во која од ножеви се ранети шест лица. За смирување на конфликтот морала да интервенира полицијата со специјални сили, по што околу 150 мигранти се впуштиле во судир со полицајците, фрлајќи по нив со камења.

Бегалскиот камп беше подигнат минатата година и во него беа пренесени бегалци од дивите кампови кај Кале, кои чекаа на можност да пребегаат во Велика Британија.

Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ле Ру уште во средината на март најави намера логорот што поскоро да се расформира поради неодржливите услови за живот и постојаните тепачки меѓу бегалците.

Изгоре бегалски камп во Франција