1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Позитивен исход од германското претседателство со ЕУ

27 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/B3ls

Германскиот влада е задоволна од резултатите од шестмесечното претседателствување со ЕУ. На германското претседателство му успеа да ја врати Унијата на вистинскиот курс , преку голем број одлуки битни за иднината на ЕУ стои во билансот кој канцеларката Меркел денеска го презентираше пред својот кабинер По крајот на состанокот, сојузниот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави дека под германското претседателство угледот на ЕУ во Европа но и насекаде се зголеми . Попладнево сојузната канцеларка Ангела Меркел во Брисел, пред европскиот парламент ќе поднесе извештај и ќе зборува за резултатите од минатонеделниот самит на Унијата на кој беше постигнат компромис околу уставниот договор. Претседателството со Унијата од 1 јули го презема Португалија.