1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Познати сите четвртфиналисти во Лигата на шампионите

15 март 2012

Екипите на Челзи и на Реал Мадрид се последните две, кои изборија пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Жрепката за четвртфиналето и полуфиналето е в петок.

https://p.dw.com/p/14KqO
Голот на Дрогба за 1:0 за Челзи против НаполиФотографија: dapd

Фудбалските тимови на Реал Мадрид и на Челзи им се приклучија на
екипите на Барселона, Баерн, Милан, Бенфика, Олимпик Марсеј и АПОЕЛ во
четвртфиналето, во Лигата на шампиони. Челзи останува да ја брани честа на англискиот фудбал во најсилното европско натпреварување откако синоќа „сините“ со 4:1 по продолженијата го совладаа Наполи, тимот на македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Наполи на „Стенфорд бриџ“ во Лондон, допатува со убава предност од 3:1 од мечот на домашниот стадион Сан Паоло. 3:1 за Челзи завршии регуларниот тек од натпреварот кој домашните го играа под раководство на привремениот тренер Италијанецот Роберто ди Матео. Головите за Челзи до продолженијата ги постигнаа Дрогба, Тери и Лампард од пенал, додека Илнер постигна убав гол јза наполи. Лондончаните во четвртфиналето со гол во 105 минута ги однесе српскиот репрезентативец Ивановиќ.

Fussball Champions League Real Madrid vs. ZSKA Moskau
Германскиот репрезентативец Месут Езил одигра добро против ЦСКА МоскваФотографија: picture alliance/Foto Huebner

Реал Мадрид очекувано на домашниот „Сантијаго Бернабе“ ја победи ЦСКА Москва со 4:1 и со вкупен резултат од 5:2 избори пласман во четвртфиналето. Стрелци на головите за „кралскиот клуб“ беа: Гонзало Игуаин во 26.минута, Кристијано Роналдо во 55.минута и 90+3 минута и Карим Бензема 70.минута, додека голот за руската екипа го постигна Зоран Тошиќ во 77.минута.

Жрепката за четвртфиналните двојки и можните дуели полуфиналето е в петок во швајцарскиот Нион. Финалето на Лигата на шампионите годинава се игра на 19. мај на „Алијанц арената“ во Минхен.

Автор:СН/БГ/дпа/миа/мф/ртр

Редактор: Б. Георгиевски