1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Покрај атомската закана не смее да се заборават човековите права

2 ноември 2006

Северна Кореја е во центарот на вниманието поради својата атомска програма. Но ова не единствениот проблем на земјата. Иако често се заборава во Северна Кореја има и масовно повредување на човековите права . ј

https://p.dw.com/p/Adw7
Работници во Северна Кореја
Работници во Северна КорејаФотографија: AP

Носителот на Нобеловата награда и сведок на Холокаутот Ели Визел, писталот и поранеше претседател на Чешка Вацлав Хавел и поранешниот премиер на Норвешка Кјел Бондевик бараат од Советот за безбедност на ОН да преземе мерки бидејќи Севрна Кореја извршува злосторства против човештвото и претставува закана за за мирот. По налог на Визел, Хавел и Бондевик американскиот комитет за човекови права во Северна Кореја и адвокатската канцеларија ДЛА Пипер изработи извештај за да ги утвриди овие префрлувања. Портпаролката на комитетот Дебра Лианг Фентон нагласи „Безбедносната закана од страна на Северна Кореја досега го потиснуваше прашањето за човековите права. Но тестото со атомско оружје на 9 октомври ја обелодени теоријата дека човековите права не семат да бидат тематизирани за да може да се постигнат резултети за безбедносните прашања. “

Недовлно храна и измачување на политичките неистомисленици

На повеќе од 120 страни во извештајот се камшикуваат двата големи гревови на Северна Кореја. Државно предизвикана глад и повреда на човековите права. На Северна Кореја и се префрлува дека намерно не ги исхранува доволно своите граѓани. Владата дели премалку прхрамбени производи и своите ресурси порадо ги вложува во војската или атомската програма иако речи 40 процетни од децата хронично се недоволно исхранети. Бидејќи земјата од пред кратко време се откажа од меѓународна помош на земјата и се заканува тешка зима, а хуманитарните организициаии предупредуваат од катастрофа . Во извештајот се зборува и за ситуацијата со политичките неистомисленици. 200.000 политички затвореници најверојатно се држат во шест концентрациони логори, а членовите на семејствата се држат во семејни затвори. Затворениците не добиваат доволно храна, под брутални услови принудно работат, а често се измачуваат или се погубуваат. На овие злосторства против човештвото, мораа да регира Советот за безбедност.

Меѓународната заедница мора да ги обеднини ставовите

Според Визел, Хавел и Бондевил неопходна е меѓународна реакција, бидејќи Северна Кореја досега ги игнорираше сите резолуции на ОН. Јаред Генсер од адвокатската канцеларија ДЛА Пипер „Меѓународната заедница би требало да се обеини и да пронајде заеднички став а хуманитарната и состојбата со човековите права во Северна Кореја. Ако меѓународната заедница не е единствена, за Севрерна Кореја е многу поедноставно да не реагира на нејзните барања.“

Советот за безбедност не би требало да воведе санкции, туку да побара од Северна Кореја да се отвори за хуманитарна помош, да ги ослободи политичките затвореници и да овозможи влез за одговорните од ОН.