1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Политичката криза во Палестина се продлабочува

13 јуни 2006

Политичката криза меѓу движењето Фатах блиски до палестинскиот претседател Абас и радикалниот Хамас се продлабочува. Таму утрово безбедносните сили се се уште во состојба на зголемена готовност откако синоќа во Рамалах гореше зградата на Парламентот и седиштето на владата.

https://p.dw.com/p/Ac5s
Фатах го запали Парламентот во Рамалах
Фатах го запали Парламентот во РамалахФотографија: AP

Во палестинските територии силите за безбедност се се уште во состојба на зголемена готовност по синоќешните немири во Рамалах кога стотици припадници на палестинскот движење Фатах, го нападнаа и запалија седиштето на владата и зградата на парламентот. Последната политичка криза кај Палестинците е реакција на престрелките во појасот Газа, предизвикани од прпадници на Хамас, во кои во текот на вчерашниот ден загинаа неколку луѓе, а повеќемина се повредени.

По најновите внатре палестински нереди, министерот за туризам Џауда Моркос денеска се повлече од функцијата, не објавувајќи ги причините за оставката. Политичките аналитичари велат дека одлуката на Моркос, единствениот христијанин во радикално – исламистичката влада на Хамас е протестен чекор заради растечката внатрешна борба меѓу Фатах на палестинскиот претседател Абас и Хамас.

По тешките судири во Рамала, безредија и инциденти имаше во уште неколку палестински градови. Околу три илјади приврзаници на радикалниот Хамас демонстрираа против нападите на припадниците на движењето Фатах и го обвинија палестинскиот претседател, Махмуд Абас, дека не сторил доволно за спречување на нападот врз седиштетот на владата.

Хусеин ел Шеик, претставник на Фатах, обвинувајќи ги Хамас за нападите во Газа се закани:

„Хамас мора да сфати дека ќе одговориме на нивните напади и тоа не само во Газа и Рамалах туку низ целиот Западен брег„.

Инаку, вчера, во зградата на парламентот, се водеше дебата околу плановите на Абас за одржување референдум на 26 јули, на кој Палестинците би се изјасниле околу признавањето на Израел. Со оглед на тоа што Хамас во парламентот располага со апсолутно мнозинство и потегот на Абас го означи како спротивен на уставот, владеачката партија се откажа од изјаснување. На тој начин, како што беше соопштено, сакаат да се добие повеќе време за внатрепартиски дијалог.