1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Политичка мелодрама околу предвремени избори во Србија

17 април 2011

Митингот на Српската напредна партија во Белград заврши без инциденти, но остана нејасно кои се наредните политички чекори на партијата. Одлуката на лидерот на партија да стапи во штрајк со глад не наиде на одобрување.

https://p.dw.com/p/10uzJ
Томислав НиколиќФотографија: picture alliance / dpa

Томислав Николиќ се обидува од себе да направи Вук Драшковиќ, а од престедателот на Србија, Борис Тадиќ, Слободан Милошевиќ, оценува за Дојче веле д-р Невен Цветичанин од Институтот за општествени науки. Николиќ не е Драшковиќ, како што ни Тадиќ не е Милошевиќ, вели Цветичанин, и тоа е тактика од која партијата и Николиќ ќе имаат повеќе штета, отколку корист. „Мислам дека овој начин на борба, во ситуација во која до изборите остана фактички помалку од една година, или најмногу една година, може да биде контрапродуктивен. Исто така, мое мислење е дека самиот начин на штрајк со глад и жед не испраќа добра порака за некој кој сака да ја преземе власта. Едноставно, за мене тоа не е државнички чин“, истакнува Цветичанин.

Необичен вид протест

Во ситуацијава тоа е крајно невообичаен начин за изразување на незадоволство, вели за Дојче веле политичкиот аналитичар и поранешен амбасадор во Германија, Огнјен Прибичевиќ. Сега практично не е важно дали изборите ќе се одржат неколку месеци порано или покасно, смета Прибичевиќ. Од друга страна, може да биде многу опасно доколку таков вид на протест влезе во политичкиот живот и некоја идна опозиција со штрајк со глад и жед бара нови избори, подвлекува аналитичарот.

Protestveranstaltung in Belgrad
Митинг на партијата во Белград во февруари 2011Фотографија: picture alliance / dpa

„Осоновниот постулат е дека ова е деморкатски систем, не е некаков режим, туку демократска влада избрана на избори. Таа сега влегува во завршна фаза и граѓаните на избори ќе покажат што мислат за неа, дали е добра или лоша. Воопшто не се поставува прашање дали ќе има избори или не. Затоа сметам дека, всушност, главното изненадување е што на таков драстичен начин се прави обид да се постигне нешто, што доаѓа само по себе“, вели Прибичевиќ.

Што и колку може да направи Демократската партија?

Boris Tadic
Борис ТадиќФотографија: DPA

Невен Цветичанин смета дека се` што владејачката Демократска партија може да понуди како одговор на барањата на Српската напредна партија е датумот за избори да се врзе со моментот на добивање на статус на кандидат за членство во ЕУ: „Мене ми се чини дека Демократската партија во овој момент не може повеќе од тоа. Имено, никако не може да знае кога ќе дојде моментот на добивање на статусот на кандидат. Распишување избори претходно би било контрапродуктивно за самата партија, оти на тој начин плодовите од нејзината работа ќе ги препушти во рацете на Томислав Николиќ.“

Потегот на Николиќ исто така зборува за недостиг на идеи кај опозицијата, смета Цветичанин. Имено, ако единствена идеја ви е да не земате храна и вода, тогаш тоа зборува дека вашите политички идеи и политички програми ви се многу сиромашни, додава Цветичанин. Огнјен Прибичевиќ смета дека сепак постои простор за договор и компромис. Со оглед на тоа што двете страни се залагаат за Европската унија, на тоа поле треба да се бараат точките за договор, заклучува Прибичевиќ.

Автор: Ивица Петровиќ/ Александра Трајковска

Редактор: Трајче Тосев

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема