1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Политичкиот дијалог неуспешен

Александар Чомовски19 октомври 2007

Нема договор за моделот на изборот на државниот обвинител,ДУИ ќе се врати во Парламентот во зависност од резултатите на Анкетната комисија која сеуште ги испитува инцидентите и физичките пресметки меѓу парламентарците.

https://p.dw.com/p/Bsk3
Лидерската средба без резултатиФотографија: Macedonian Information Agency

Самата средба на премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Груевски со претседателите на најголемите парламентарни партии,Шеќеринска од СДСМ,Тачи од ДПА,Ахмети од ДУИ,секој различно ја толкува.Од скромен напредок според ДПМНЕ;подметнување на премиерот,оценка од СДСМ;наметната агенда од Мајскиот договор,успех за ДУИ.

Лидерот на ДПА прв дојде и веднаш замина на митингот во Тетово.Тој не даде ни изјава.Но,Тачи и Ахмети со идентични позиции на лидерската средба:прво закон за албанскиот јазик ,потоа собраниски деловник.Таа согласност меѓу нив двајца не значи дека владеачката ДПА го прифаќа договорот на Ахмети со Груевски.

„Нема гласање за деловникот без да се донесе и закон за користење на албанскиот јазик“,беше ултимативен лидерот на ДУИ.

„По прашањето на деловникот,партијата ДУИ,а на тоа се придружи и партијата ДПА,се произнесоа дека тие не би оделе со деловникот,додека претходно не се донесе законот за јазици.Тие ги реафирмираа законот за јазици и законот за поранешните припадници на т.н ОНА и тука ги реаформиравме и нашите позиции.Ние сметаме дека закон за јазици може да се донесе доколку таков јазик предвидува во него да се вклучат одредбите, кои сега се во постоечките закони за јазици,бидејќи ние веруваме дека со постоечките одредби задоволен е уставот,“изјави премиерот Груевски.

Тој уште најави дека за в четврток е можна нова лидерска средба,но дотогаш и разговори во четири очи со опозициониот СДСМ околу концептот за избор на државниот обвинител.

ВМРО ДПМНЕ е подготвен новиот деловник да важи од следниот мандат,но услов е СДСМ да ги повлече двете илјади амандамани за новите собраниски правила и ограничување на дискусијата од собраниската говорница на десет минути,што за владата би значело поефикасна законодавна работа на Парламентот.

„Законот за јавно обвинителство по се изгледа беше само алиби на премиерот Груевски да ги собере четирите партии во Клубот на пратеници,а всушност најмногу да дискутираме за Мајскиот договор кој тој го направи со претседателот на ДУИ,Али Ахмети.Бидејќи досега Груевски сакаше да разговара и преговара со Ахмети,но потоа да се повлече од договореното,сега изгледа сакаше да не собере за да му ја олесниме работата.„

Со оваа оценка лидерот на СДСМ Радмила Шеќеринска ја потврдува констатацијата дека Груевски и Ахмети сами терба да се справат со Мајскиот договор.