Политички шок во Германија

Речиси никој не очекуваше дека преговорите за нова влада во Германија ќе пропаднат. Сега се е можно, од малцинска влада до нови избори. Едно нешто е јасно: ова е голем удар за Ангела Меркел, смета Инес Пол.

Брегзит, Трамп и сега ова. Германската канцеларка Ангела Меркел, барем засега, не успеа да формира влада. Во економски стабилна и успешна Германија- срцето на Европа, моторот на ЕУ- сега е целосно нејасно како понатаму. Кусо пред полноќ во неделата, лидерот на Слободните демократи (ФДП) Кристијан Линднер објави дека прелиминарните коалициски преговори не успеале. Подобро е да не се владее. отколку погрешно да се владее, рече Линднер.
Острите зборови на Линднер доаѓаат по повеќенеделни тешки преговори за формирање на владина коалиција која, за волја на вистината, од почетокот повеќе делуваше како брак од нужда отколку од љубов.
На крајот, преговорите станаа премногу оптоварени со детаљи. Ниту еднаш никој не успеа да ја искористи шансата за да се надминат идеолошките разлики меѓу партиите.

Десноконзервативната АфД во Бундестагот

За првпат, деснорадикалната Алтернатива за Германија е избрана во парламентот, со што вообичаените можности за коалицирање отидоа во неврат. Нема лесни решенија во парламент во кој се претставени седум партии. Откако Социјалдемократите одбија да бидат дел од големата коалиција, Меркел беше принудена да влезе во преговори во кои, за првпат во нејзините 12 години како канцелар, не успеа да ја наметне својата моќ.

Инес Пол, главен уредник на Дојче веле


Ослабена од лошиот резултат на нејзината партија на изборите во септември, улогата на Меркел се сведе на медијатор- и тоа неуспешен. Очигледно, ФДП беше таа која ја спречи Меркел да најде нов наратив и да развие нови идеи за владејачката коалиција; коалиција која можеше да излезе од старите испробани политики и ќе ја тестираше новата политичка клима со храбри нови идеи.

Бегалската политика во центар на разговорите

Бегалската криза беше во центарот на конфликтот околу формирањето на новата влада. Либералната политика на Меркел и овозможи раст на АфД. И веројатно доведе до колапс на преговорите. Тоа не значи дека одлуката да им се помогне на луѓето на кои очајнички им требаше помош беше погрешна. Но исто така е вистина дека не беше можно да се спречи оваа поддршка за другите да стане закана за самиот себе.
Неуспешните коалициски преговори покажаа дека Германија се соочува со сопствени крстосници. Економскиот успех не го намалува стравот на луѓето од иднината во која бегалците ги симболизираат несигурностите во глобализираниот свет. Германија нема да биде единствената која ќе се разбуди во шок денеска. Сета Европа ќе биде, исто така. Затоа што сега пред нас се многу недели, можеби и месеци, несигурност.

Битка за гласачите во Германија

Чист патриотизам

Два основни мотиви, 22 илјади големи плакати и буџет од 20 милиони евра: тоа е кампањата на Демохристијаните (ЦДУ). Партијата се претставува патриотски и на плакатите се боите на германското знаме. „Ние сме земја на која и оди добро, можеме да бидеме горди на тоа“, вели генералниот секретар на ЦДУ Петер Таубер. Фокусот е на теми за безбедноста, работата и семејството.

Битка за гласачите во Германија

Граѓаните во фокусот

Една кампања и три круга на мотиви. СПД се презентира на плакати на кои се гледаат граѓани среде слогани за теми како образование, семејство, пензии, инвестиции и праведни приходи. Дури во вториот „бран“ во фокусот е кандидатот за канцелар Мартин Шулц. Кампањата на партијата, како што тврдат, ќе чини 24 милиони евра.

Битка за гласачите во Германија

Кампања- тоа е тој

Партијата на слободните демократи- ФДП (Либерали) во својата предизборна кампања вложи нешто повеќе од 5 милиони евра. Кампањата се сведува на рекламирање на еден човек- партискиот шеф Кристијан Линднер, кој е често прикажан во кошула, со засукани ракави и неизбричен. Тоа треба да ја сугерира неговата посветеност кон иднината на Германија. Покрај него се гледаат цели пасуси од програмата на ФДП.

Битка за гласачите во Германија

„Затоа зелено“

Зелените многу претполагаат на големи текстови испишани со големи букви покрај некој симболичен мотив. Темите секако се заштита на животната средина или интеграција на странци. „Затоа зелено“ е мотото на кампањата. На сите плакати како лајт-мотив се појавува сончоглед.

Битка за гласачите во Германија

Контроверзната АфД

Најмногу дискусии предизвика Алтернативата за Германија (АфД). Нејзиниот слоган гласи: „Одважи се, Германијо!“ Оваа десничарска партија сака да ги привлече гласачите со плакати со текстови од кои е јасно дека сака да го намали влијанието на исламот во Германија, да постави јасни граници за доселување, да го укине еврото и да го смени уредувањето на ЕУ.

Битка за гласачите во Германија

Без лице

Бели букви, црвена боја која ја симболизира партијата Левица, тоа е стилот во кој се водеа и претходните кампањи. Со тоа што овој пат целосно се откажа од прикажување на лицата на своите главни политичари. Под мотото „Не сакаме понатаму вака“, тиа својата кампања ја концентрираа на темите како борба против високите кирии, праведни пензии и запирање на извозот на оружје.

Битка за гласачите во Германија

Не баш сериозно

Платите на менаџерите да се прилагодат на големината на брусхалтерите, а треба да се воведе и граница за поскапување на пивото. Такви и слични барања изнесува партијата Партија, чија предизборна кампања е целосно сатирична- сосема во стилот на нејзините основачи, уредниците на сатиричниот магазин Титаник. Кандидат за канцелар е кабаретистот Сердар Сомунчу.

Следете нѐ