1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полициски час во Кербала

28 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BYtk

Локалните власти започнаа со евакуација на шиитските аџии во ирачкиот град Кербала поради судирите меѓу силите за безбедност и вооружените групи. Полицијата нареди воведување полициски час на неопределено време. Судирите започнаа синоќа кога полицијата отвори оган кон групата верници кои протестираа поради мошне зајакнатото обезбедување на верскиот празник со која се одбележува роденденот на 12-тиот и последен мула, Мохамед ал Махди. Во инцидентите досега загинаа шест лица.