1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полицијата го расчисти кампот на барателите на азил

ЖА/дв/дпа/епд30 јуни 2013

По неуспешниот обид за преговори, полицијата во Минхен расчисти камп на околу 50 баратели на азил, кои претходно најавија продолжување на штрајкот со глад ако итно не им биде признат статусот на политички бегалци.

https://p.dw.com/p/18ygr
Фотографија: picture-alliance/dpa

Групата од околу 50 мажи и жени веќе една недела штрајкуваше со глад, а од вториникот престанаа и да пијат вода. На ваков начин барателите на азил од повеќе африкански и азиски земји сакаат да изнудат итно признавање на нивните барања за азил. Полицијата во Минхен утрово интервенираше и го расчисти кампот.

„44 пациенти се разнесени со болнички коли во 12 околни болници“, изјави портпарол на полицијата.

Минхенскиот градоначалник Кристијан Уде по средбата со бавараскиот премиер не остави никаков сомнеж дека формираниот кризен штаб ќе преземе се‘ е можно за да спречи умирање на луѓето.

München - Polizei räumt Camp von Hungerstreikendend
Фотографија: picture-alliance/dpa

Претходно поранешниот претседател на Социјалдемократската партија Ханс-Јоахим Фогел и поранешниот политичар од Христијанско-социјалната унија, Алоиз Глик, го соопштија неуспехот на обидот за посредување. Тие го посетија кампот шатори на барателите на азил и водеа разговори со нивни претставници заради решавање на конфликтот, но без успех. Барателите на азил најавија продолжување на штрајкот со глад, започнат пред едн анедела на плоштадот во центарот на МИнхен. Нивните барања беа-итно признавање на статус на политички прогонети според членот 16а на германскиот устав. Вчера штрајкувачите со глад се заканија и со самоубиство ако нивните барања не бидат веднаш задоволени. По правило, луѓето дехидрираат по неколку дена без вода.

Барателите на азил тврдат дека посредувачите не направиле довооно за да ја стекнат нивната доверба. Предлогот да продолжат преговори веднаш по прекинот на штрајкот со глад, за нив не бил доволен.