1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пол Волфовиц - нов претседател на Светската банка

31 март 2005

Европската Унија му даде зелено светло на контроверзниот американски административец Пол Волфовиц за иден директор на Светската Банка. Европските дипломати, на вчерашниот состанок во Брисел, посочија дека ќе ја поддржат кандиодатурата на Волфовиц за шеф на можната финансиска институција, доколку негов заменик биде Европеец. Досегашниот заменик на американскиот министер за одбрана, кој денеска треба и

https://p.dw.com/p/AeP4
Пол Волфовиц
Пол ВолфовицФотографија: AP

�фицијално да биде назначен на новата функција, вчера се ги убедуваше Европејците дека немаат причина за загиженост.

90 минути Пол Волфовиц се обидуваше да ги измени европските размислувања против неговиот избор за претседател на Светската Банка. По разговорите со евродипломатите во Брисел, ресорниот европски министер му сигнализираше на Волфовиц дека може да смета на неговиот глас.

Со тоа станува сигурно дека досегашниот помошник на американскиот министер за одбрана ќе седне во фотељата на најмоќната глобална развојна организација. Избороот на Волфовиц , кој е познат како конзервативен заговарач на војната и застапник на америкаската самостојна акција во Ирак, бво европа предизвика се друго, само не одушевување.

Германската министерка за развојна помош Хајде Мари Вичорек Цојл, која ја застапува Германија во Светската банка вели :

,, Пораката е јасна. Сакаме Светската банка, како мултиратерална органиѕација да биде силна и натаму да јакне.“

Кандидатот тоа и го вети. Тој посочи и дека е можно , во одередени случаи да делува и против политиката на американскиот претседател Џорџ Буш. Така барем слушнала Вичорек Цојл.

,, Го сметам уште еднаш за позитивно тоа што Волфовиц ја потенцираше независноста на владата која што го номинираше. Мислам дека е важно да се потенцираат и милениумските развојни цели. Неговата ориентација, исто така, е да се продолжи борбата против сиромаштијата.“

Европејците на кандидатот за претседател на Светската банка му изразија и една лична молба. Тие сакаат да бидат подобро застапени во финансиската институција, преку потпретседателското место, сразмерно со учеството со 30% во директориумот. Тоа е всушност маневар што би ја ставил под контрола американската политика. Волвофиц даде дипломатски одговор:

,, Мошне важно е раководството на Банката да биде свесно дека тоа е мултилатерална организација. Тоа мора да биде така затоа што Европејците се големи финансиски донатори. Во секој случај, на врвот на Светската банка мораат во одредена мера да бидат застапени донаторите и примателите на помош. “

Во директориумот со 24 места Европската Унија има 7, а цела Европа 11 места. Франција настојува да добие место потпретседател.

Именувањето на Волфовиц предизвика протести кај невладините организации. Нему му се посочува поинаку да ја организира Светската Банка и раѕвојната политика да ја насочи во интерес на доверителите. Именувањето на Волфовиц за нов шеф на Светската банка треба да биде потврдено и денеска, со што тој налето, би можел да ја преземе должноста.