1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Помалку корона, молам!

Кристина Бурак
20 октомври 2020

Помалку известување за пандемијата во медиумите? Да, молам, вели Кристина Бурак. Ситуацијата е пресериозна за информациите кои ни се потребни да потонат во наплив на непотребни вести.

https://p.dw.com/p/3k8Jl
Nigeria Lagos | Coronavirus | Presse, Medien
Фотографија: DW/A. Dada

Повторно е есен на северната хемисфера. Но, не е вообичаена есен. Годинава таа доаѓа со растечки број заразени лица. Та, нели го очекувавме тоа сите? Сепак е јасно дека со падот на температурите се буткаме во затворени простории и ни е тешко социјалните контакти кои ги обновивме во летото, повторно да ги ограничиме.

Очекувано, или не: експлозивно растечкиот број на инфекции е исклучително вознемирувачки. Со околу 100 илјади нови заразени дневно Европа сега има третина удел во новите случаи во светот. Сите мерки кои ги преземаа европските земји, “локдаун“, обврска за носење маски и намалено време на работа на локалите, не можеа да го победат вирусот.

А, ние си мислевме дека сме на добар пат. Во изминатите месеци медиумите низ цел свет објавуваа еден по друг прилози. Се обидуваа да анализираат зошто во некои европски земји бројот на заразени останал низок и кои грешки ги направиле тие земји кои особено тешко беа погодени.

Што преземаа Италијанците што до сега останаа поштедени од втор бран? Дали беше безгрижноста, предвременото отварање или политичка некомпетентност која во Шпанија уште пред другите европски земји доведе до токму вториот бран? И што е рецептот за успех на Германија? Типично германското строго спроведување на мерките, култура на особено изразена индивидуалност или лидерските квалитети на Меркел?

Исцрпени сме – благодарение и на медиумите

Многу од овие обиди за објаснување се преполни со стереотипи и искрено кажано јас не верувам дека бескрајна потрага по едноставни одговори во корона-кризата ни донесе нешто премногу освен што се повеќе и повеќе сме свесни дека сакаме што поскоро да се справиме со овој вирус. И по месеци анализи на бројки и статистики полека доаѓа замор. Само се редат наслови, постојано не бомбардираат со вести, се анализира секој можен аспект поврзан со вирусот, се шпекулира за разни последици од него. Не е ни чудо што луѓето се повеќе се чуствуваат емотивно исцрпени – особено онаму каде не можеа да здивнат ниту во летните месеци, како што беше случај во многу места низ Европа.

DW MA-Bild Cristina Burack
Кристина Бурак, авторка на коментаротФотографија: DW/P. Böll

Токму поради тоа што ситуацијата сега е толку сериозна сите медиуми, вклучително и Дојче Веле каде работам, не се исклучок – треба да се направи критичка проценка за тоа за кои аспекти на корона-пандемијата треба да се известува и зошто. Кои информации им се потребни на читателите, слушателите или гледачите? Дали се доволно запознаени со симптомите? Како можеме да си помогнеме за да се заштитиме себе си и другите? Како може да им се помогне на оние на кои помошта им е неодложно потребна? И како да ги натераме носителите на одлуки да преземат поголема одговорност во однос на менаџирањето на пандемијата?

Повеќе:

-ЕУ ги обвини Кина и Русија за ширење лажни вести во пандемијата

-Твитер и Фејсбук со санкции против Трамп и неговиот изборен штаб

-Твитер отстрани објава на Трамп

Ситуацијата е премногу опасна, за да може да си дозволиме да ризикуваме луѓето да почнат да се “исклучуваат“ и да не сакаат повеќе да читаат вакви информации поради тоа што се преплавени со вести. И останатите егзистенцијални глобални закани за човештво, како политички прогони, повреда на човекови права, насилна нетолеранција, не смеат да бидат исклучени од вестите поради корона – пандемијата. Тоа ќе им оди во прилог на оние кои се обидуваат да ја продолжат или да ја прошират нивната злоупотреба на моќ во сенка на пандемијата.

Германија: покомпликувано отколку што изгледа

Имам и една посебна зебелешка за сите негермански медиуми: лесно е да ја идеализирате овдешната ситуација и да потврдите дека успешно се справуваме со кризата. Во суштина Германија до сега е поштедена од најлошото. Но, никој не знае дали тоа се должи на поволната демографија и густина на населеност, на навремените и соодветни мерки уште на почетокот на пандемијата, на среќа или пак на комбинација на сите овие фактори, или пак на нешто сосем трето? Да се има канцеларка која ја слуша науката, а и самата е научник, секако не е погрешно.

Но со децентрализирана федерална структура и редица тврдокорни регионални лидери Ангела Меркел е на крај на нерви. А регулативите во однос на пандемијата во Германија се повеќе стануваат крпеници.

Така што пресудата околу германскиот пристап со пандемијата се уште се чека. Веројатно на светот и не му треба никаква пресуда. Веројатни треба ние, со помош на медиумите, едноставно да се концентрираме само на она што може да се промени: мијте раце, носете маски, држете дистанца. И да ја натераме нашата влада да им помогне на оние на кои помошта им е неопходна.

Едноставно да престанеме да го „храниме“ заморот!