1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Помалку сиромашни деца во Германија

Zana Aceska26 јануари 2012

Намален е бројот деца во Германија кои живеат од помош на државата, гласат новинските извештаи. Но, намалувањето во различни региони не е на исто ниво.

https://p.dw.com/p/13qGZ
Кога повеќе родители се вработени, помалку деца се сиромашниФотографија: picture-alliance/dpa

Во петте години од септември 2006-та до септември 2011-та година бројот на помлади од 15 години кои живееле од помош за невработени и социјална помош од 1,94 милиони се намалил на 1,64 милиони, известува весникот „Зиддојче цајтунг“, што е намалување од 13,5 проценти.

Во извештајот кој се повикува на анализа од Агенцијата за труд, се вели дека особено големо намалувањето е во минатата година. Од септември 2010-та до 2011-та година бројот деца под 15 години кои живеат со семејства приматели на социјална помош бележи пад од 84 илјади.

Помалку деца во семејства со социјална помош значи дека на Агенцијата за труд и‘ успеало на нивните родители да им најде работа, вели Хајних Алт, член на Управниот одбор на Агенцијата. Шансата за наоѓање работно место е поголема отколку пред две до три години.

„Од состојбата на пазарот на трудот профитираат дури и долгогодишните невработени или нискоквалификуваните“, пишува весникот.

Истовремено постојат големи регионални резлики. Во периодот од последните пет години состојбата во покраината Баварија е најдобра, бележи намалување од 22 проценти. Во Бремен или Хамбург или Северна Рајна Вестфалија намалувањето е под просекот.

Посебна приказна е Берлин: во главниот град бројот деца во семејства приматели на социјална помош се намалил за само 1,2 проценти. Повеќе од секое трето дете под 15 години таму живее од државна помош, во сојузни рамки-секое седмо дете.

Експертот за социјала Маркус Грабка од германскиот институт за економски истражувања предупредува од преголем оптимизам.

„Детската сиромаштија останува централен социјално политички проблем во Германија“, вели тој.

Кога родителите со своите деца ќе се извлечат од зависноста од социјална помош, тоа не е гаранција дека не се погодени од сиромаштија. Ризикот постои особено кај луѓето кои работат во секотоорт на ниски плати.

Автор: Елеоноре Улих/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска