1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Помалку цивилни жртви во Авганистан

16 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AxGZ

НАТО има намера да го намали бројот на цивилните жртви при воените операции во Авганистан. За таа цел ќе се подобрат правилата за однесување при акциите, му рекоа министрите на 26 земји на сојузот на нивниот авганистански колега Абдул Рахим Вардак на средбата во Брисел. Меѓународниот Црвен крст претходно критикуваше дека населението ја плаќа цената за жестоките борби меѓу бунтовниците и меѓународните трупи. Во последниот самоубиствен напад врз странски војници загинаа четири лица сите цивили, а повредени се уште петорица.