1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Помош за (не)пријателите на пријателите

10 јуни 2010

Претседателот на Палестинците Махмуд Абас од Белата куќа во Вашингтон Обама го испрати со подароци:САД ќе инвестираат 240 милиони долари во изградба на населба на Западниот брег и 75 милиони евра за палестинските власти.

https://p.dw.com/p/Nmm6
Барак Обама и Махмуд АбасФотографија: AP

Махмуд Абас, претседателот на Палестинците, вчера (09.06.2010) беше гостин во Белата куќа во Вашингтон. Неговиот домаќин, американскиот претседател Барак Обама изјави дека знае колку многу многу непријатели има Абас дома, што му го отежнува мировниот договор со Израел. И покрај тоа, или токму поради тоа, Обама го испрати со подароци: САД ќе инвестираат 240 милиони долари во изградба на населба на Западниот брег и ветија натамошни 75 милиони долари за автономните палестински власти.

Се разговараше и за израелската блокада на појасот Газа.

Без оправдување, но и без безусловна осуда на блокадата

Махмуд Абас пред се‘ се интересираше за ставот на САД, во врска со неодамнешниот израелски напад врз хуманитарниот конвој бродови со помош за Газа, во кој загинаа девет луѓе, од нив еден Американец. Вашингтон досега не ја осуди израелската акција, оправдувајќи го тоа со недостаток од информации. Но, Барак Обама пред печатот настапи со јасен став: САД и натаму стојат зад барањето на Советот за безбедност на ОН за исцрпна истрага на инцидентот: „На Израелците директно им кажав: во нивен инетерес е целосно расчистување на она што се случи, за да не се повтори.“

Palästinenser Präsident Mahmoud Abbas zu Besuch bei Barack Obama in Washington
Фотографија: AP

Израел го блокира пристапот кон појасот Газа од јуни 2007, значи точно три години, стравувајќи од натамошно вооружување на радикалното движење Хамас и вооружени акции против Израел. Американскиот претседател оваа целосна блокада не ја означи како неправедна или недозволлива, но не рече ниту дека Вашингтон ја поддржува. Напротив: „Се чини дека постојат начини за потесно концентрирање врз лиферувањето оружје, наместо да се врши целосна блокада и да се доделуваат дозволи за дотур на хуманитарна помош во Газа.“

Инцидентот како шанса

Можеби трагедијата околу турската флота може да биде шанса, продолжи Обама. Прашање е само како да се постават други рамки наместо досегашната блокада, зашто зе него е неспорно дека на луѓето во Газа мора да им бидат обезбедени продукти, услуги и можности за работа, „...за екстремистите да бидат изолирани и да немаат изговори за насилни акции, со што истовремено ќе бидат запазени безбедносните интереси на Израел. Верувам дека претседателот Абас се согласува и согледува дека од појасот Газа не смеат да бидат испукувани ракети на израелска територија. Но, долгорочно проблемот ќе го решиме само со постоење палестинска држава покрај израелската. “

Гостинот на Барак Обама пред новинарите беше скржав на зборови. Не се дозна ни дали Махмуд Абас бил точно цитиран од страна на Обама. Но, сепак Абас порача: за повторни мировни преговори со Израел, неговата страна не поставува никакви предуслови. Желбата е единствено да се постигнат напредоци, без разлика што би значеле тие.

Автор: Зилке Хазелман/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска