1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Помош за пронаоѓање на настраданите преку смартфон

Бенјамин Батке/ Нино Домазатовиќ13 август 2016

Замислете дека можете да помогнете за време на катастрофа со користење на вашиот смартфон? Невладините организации со години ги користат информации од граѓани на социјалните мрежи за да лоцираат луѓе кои се во опасност.

https://p.dw.com/p/1Jhff
App MapSwipe
Фотографија: DW/B. Bathke

На својот смартфон, Лена Зидентоп гледа во сателитска снимка од една рурална област во Нигерија. На екранот се прикажани колиби, таа притиска еднаш на екранот и тој позеленува. За време на природни катастрофи и кризи, информациите споделени преку оваа апликација можат да им помогнат на хуманитарните организации побрзо да ги лоцираат настраданите луѓе и веднаш да реагираат.

„Во време на катастрофи и кризи, реакцијата на хуманитарните организации сѐ повеќе се потпира на информациите и поддршката од локалните заедници“, вели Зидентоп која е член на тимот за брзи интервенции на Меѓународната организација за миграции.

Исто како Лена, голем број на луѓе од целиот свет можат преку своите смартфони да „скенираат“ сателитски слики од подрачја зафатени со катастрофи со помош на апликацијата #link:http://mapswipe.org/index.html# (МепСвајп). Со означување на места како населби, патишта и мостови, хуманитарните организации кои пружаат поддршка на терен ќе имаат точна локација на луѓето, населените места и инфраструктурните објекти кои би можеле да бидат под ризик. Овие информации се клучни за справување со последиците на катастрофални настани.

Минатата година, организацијата Доктори без граници се бореше против жариште на сипаници во Демократска Република Конго. Но, недостатокот од актуелни мапи значеше дека стотици хуманитарци мораа да ги лоцираат населените места кои се промениле по пописот од 2010 година.

App MapSwipe
Фотографија: DW/B. Bathke

Вклучување на локалните заедници во справувањето со последиците од катастрофи

Организацијата DisasterMappers (ДизастерМеперс) е формирана во 2014 во Хајделберг, Германија, од страна на студенти на институтот за географија на истоимениот универзитет и е дел од глобалната заедница за мапирање.

До неодамна, на луѓето им беше потребен компјутер или лаптоп за да можат да се вклучат во мапирањето на кризните зони. Тимот на DisasterMappers реши да ја лансира мобилната апликација MapSwipe.

На чело со истражувачот Бенџамин Херфорт, мапирањето на катастрофи го предложи концептот на Missing Maps Project минатата година. Коалиција на невладини организации, вклучително Црвениот крст и Доктори без граници потоа го претвори MapSwipe во реалност. Иако апликацијата беше пуштена само пред неколку седмици, Херфорт рече дека веќе има повеќе од 8.000 корисници кои работат на 15 проекти во земји, вклучително во Конго, Мали и во Нигерија. Провинцијата Јужен Киву во Конго, на пример, е целосно мапирана благодарение на 1.608 волонтери. Друг проект, мапирањето на границите на Западна Африка е на 31 отсто со 1.832 контрибутори.

Пет до 10 луѓе ја гледаат секоја секција на мапата-околу 16 хектари-за да ја подобрат прецизноста на податоците. Ако секторот добие премногу „можеби“, вели Херфорт, бројот на прегледи се зголемува. Што се случува кога мапата ќе биде комплетирана?

„Потоа треба да ги мапираме зградите и сите информации поврзани со нив“, вели Херфорт кој специјализира за волонтерско географско информирање. „На пример, дали зградата е училиште или бензинска“. Тука се вклучува локалното население: за рзлика од мобилните мапери, тие добро ја познаваат областа. Штом информацијата е додадена, податоците се вклучуваат во #link:http://www.openstreetmap.org/##map=5/51.500/-0.100# (Опен стрит меп), голем свет на мапи кој е достапен онлајн, каде секој може да придонесе. Се користи за секоја голема хуманитарна криза од земјотресот во Хаити во 2010 година.

Karte Nepal
Фотографија: Priyanka Bista

Придонес за намалување на штетите во реално време

Како дополнување на оваа превентивна употреба, Херфорт рече дека MapSwipe исто така може да биде искористен за да ја лоцира оштетената инфраструктура и зградите за време и по криза. Ова е т.н. мапирање на штети е најскорешен тренд во рамките на волонтерското движење за географско информирање.

Клаус Грефе, професор за далечинско истражување и географски информациски системи на Универзитетот во Бон, смета дека најголемиот потенцијал на MapSwipe лежи во собирањето на податоци за кризи во реално време.

„Во итни ситуации, луѓето може да ги користат своите мобилни телефони и да помогнат да се олесни оскудноста“, изјавил Грефе за ДВ. „Мобилните телефони можеби се мали уреди, но ги има во голем број“.

Според Грефе, недостатокот на мапи за патишта со свежи податоци за бројно населени оласти ги спречува тимовите за брзи интервенции во Наити и Непал да ги наоѓаат жртвите побрзо. Нејасна информација е подобро отколку немање никаква информација.

„Дури и во случај кога луѓето само ја мапираат инфраструктурата по катастрофа и велат дека има одредени мостови и патишта кои може да се користат од возила, тоа е корисно“, вели тој.

Klaus Greve
Клаус ГрефеФотографија: DW/B. Bathke

Дали мапирањето на катастрофи го оправдува потенцијалот?

И покрај ветувачкиот почеток, MapSwipe треба да се докажува за време на катастрофи, кога овозможувањето на квалитетна контрола за да се минимизира ризикот од нецелосна или лажна информација ќе биде предизвик.

Клаус Грефе предупредува дека без соодветно интегрирање во поголем напор за намалување на катастрофите, податоците нема да бидат корисни за оние кои треба да интервенираат.

„Ако се случи катастрофаи на илјадници луѓе им е потребна помош, ќе биде голем предизвик да се координира таквата информација“, вели тој.

Но ако проекти како Open Street Map, кои се присутни една декада служат како индикација за потенцијалот на масовно споделување на податоци за помош при катастеофи, MapSwipe може да им помогне на хуманитарните организации да спасуваат животи.