Попоски во дводневна посета на Брисел
11 април 2012Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре (11/12.04) престојува во работна посета на Брисел. Во рамките на посетата, министерот Попоски ќе учествува на конференцијата организирана од страна на Групата на Европските народни партии во Европскиот парламент, насловена „Балканот на патот кон европската интеграција.“ Конференцијата е под покровителство на претседателот на Групата на Европските народни партии Жозеп Дол. Меѓу учесниците ќе бидат и премиерот на Албанија, Сали Бериша, како и Вјекослав Беванда, претседател на Советот на министрите на Босна и Херцеговина.
Министерот Попоски се очекува да оствари средба и со Генералниот директор за проширување во Европската комисија, Стефано Санино, на која ќе стане збор за понатамошните активности и чекори во рамките на Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и ЕУ
Во Европскиот парламент предвидени се средби со повеќе европратеници, меѓу кои и известувалот на ЕП за Македонија, Ричард Хауит.