1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Порага по киднаперите на Германката во Кабул

19 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BVsy

По грабнувањето на Германката во Кабул , авганистанската полиција спроведува голема потера за да ги спречи нејзините киднапери да го напуштат градот. Според сознанијата на министерсвото за внатрешни работи на Авганистан 31-годишната германска хуманитарна работничка не била киднапирана од талибанските бунтовници , туку од криминална банда . И Талибанците отфрлија каква било поврзаност со случајот . Германското министерство за надворешни работи формира Кризен штаб и соопшти дека интензивно работи со авганистанските власти за ослободување на Германката.