1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пораз на Штутгарт на домашен терен

26 февруари 2004
https://p.dw.com/p/Aeo4
Синоќа се одиграа преостанатите 4 натпревари од европската лига на шампионите. Германската екипа Штутгарт загуби на домашен терен од лондонски Челзи со 1 спрема 0 и патува на реваншот со мали шанси за пласман во наредното коло. Португалецот Фернандо Меира со автоголот во 12 минута им ја обезбеди победата на гостите од Лондон, па сега Штутгарт мора да победи на возвратниот натпревар на 9 март, до колку сака да влезе во четвртина финалето на кралската лига. Тренерот на домашната екипа Феликс Магат по натпреварот изјави дека по поразот изгледите на неговата екипа се лоши, но оти ќе направи се на возвратниот натпревар. "Челзи е посилен на гостувањата отколку дома", изјави Магат. Тренерот на гостинската екипа Клаудио Раниери пак смета дека Челзи бил компактен и не му дозволил на Штутграт да развие игра. Во другите синоќешни натпревари фаворизираниот Манчестер Јунајтед загуби во Порто од истоимената екипа со 2 спрема 1. Победа од 1 спрема 0 извојува Олимпик од Лион против Реал Сосиедад, а со истиот резултат Депортиво ла Коруња го совлада минатогодишниот финалист Јувентус.