1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пораки со сочуство по загинувањето на Тоше Проески

16 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BrXT

Македонската влада на денешната седница донесе одлука за Ден на жалост во Македонија да биде прогласен денот на погребот на Тоше Проески. Премиерот Никола Груевски во телеграмата со сочуство упатена до семејството на Проески порача дека Македонија изгуби икона на македонската музика , која по негова заслуга беше препознавана и надвор од границите на земјата , како и голем хуманист , кој неуморно бараше начини да им помогне на луѓето. Претседателот Бранко Црвенковски пак во својата телеграма со сочуство нагласува : „Тоше загина а не умре . Неговиот уникатен бисерен глас и неговата хумана доблест , оставија длабока трага , што ќе ни ги негува сеќавањата и чуствата за нашиот Тоше Проески“. Во изјава за медиумите , министерот за образование и наука Сулејман Руштити нагласи дека Македонија со смртта на Проески изгуби извонреден уметник и хумана личност , надарен со ангелски глас. Телеграми со сочуство до семејството на Проески но и до македонскиот народ упатија и американската амбасадорка Џилијан Миловеновиќ и амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере , во кои ја истакнуваат неговите заслуги како музичар и хуманист . Голем број граѓани во градовите ширум Македонија спонтано се собираат да му одадат почит на трагично загинатиот Тоше Проески.