1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Португалија полуфиналист

25 јуни 2004

Репрезентацијата на Португалија, е првиот полуфиналист на ЕП во фудбал, откако вчера во пенал рулетот, домаќините имаа повеќе нерви за успех во трилер завршницата од Англија, која разочарана заминува дома

https://p.dw.com/p/Aen5
Голманот Рикардо го решава мечот
Голманот Рикардо го решава мечотФотографија: AP

Португалските навивачи на стадионот Луш и низ улиците на Лисабон синоќа долго го прославуваа пласманот на своите миленици во полуфиналето. Вечер која долго ќе се памети и раскажува, и двете репрезентации според прикажаното во супер натпреварот заслушија место во полуфиналето, но таму има место само за една од нив.

Голманот на Португалија, Рикардо е јунакот од пенал рулетот по нерешените 2:2 по 120 минути игра. Го одбрани ударот на Даријус Васел, за веднаш потоа, самиот со прецизен удар да стави точка на драмата во Лисабон. Претходно во првата серија по еднаш промашија Бекам и Руи Коста. Португалците славеа и со песна ги испраќаа Англичаните дом.

Навивачите на репрезентацијата на Гордиот албион не можат да поверуваат дека историјата за нив се повторува, четврти пат во последниве 14 години Англија е елиминирана на ист начин од големите натпреварувања. Нивните миленици заминуваат, но дел од нив ќе останат во Португалија да ги следат натамошните возбудувања.

“Остануваме, имаме карти за полуфиналне и финалниот натпревар. Ќе останеме и се надеваме дека ќе гледаме добар фудбал“ вели една англиска навивачка.

Поразот за селекторот на Англија, Свен Горан Ериксон, е многу тежок, немавме среќа во некои работи, но таков е фудбалот, изјави Ериксон. Тој не го коментираше моментов во 90 минута кога беше поништен голот на Сол Кембел заради прекршок врз португалскиот голман.

Селекторот на домаќините, Луис Фелипе Сколари, ја прославуваше победата, секоја е слатка но оваа особено, изјави бразилецот кој им честита на сите португалци.

Стрелци за Англија, која од 27 минута беа Мајкл Овен во 3 и Френк Лампард, во 114 минута. Головите за Португалија, ги постигнаа Елдер Постига, на 7 минути пред крајот на регуларниот дел, и Руи Коста, во 110 минута од продолжението.

Англија, од 27 минута играше без Вејн Руни, кој предвреме ја напушти играта заради повреда на стапалото. Според тренерот Ериксон, Руни заработил незгодна повреда, слична на онаа на Векам од пред светското првенство во 2002 година, така што е неизвесно колку долго тој ќе отсуствува од теренот.

Вечерва, во второто четвртфинале, се среќаваат репрезентациите на актуелниот европски првак, Франција и Грција.