1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Португалците ја „казнија“ владата

АТ/ дпа/ ртр/ афп30 септември 2013

Мерките за штедење на централно-десничарската влада не се популарни. Ова јасно го порачаа Португалците на локалните избори. Тие го казнија владиниот сојуз на премиерот Педро Пасос Коељо.

https://p.dw.com/p/19qQr
Фотографија: picture alliance/ZB

Според првите резултати од вчерашното (29.09) гласање, опозиционите социјалисти водат во целата земја. Либералната Социјалдемократска партија на премиерот Педро Пасос Коељо освои значително помалку гласови.

Лисабон цврсто во раката на социјалистите

Според прогнозите, опозиционите социјалисти го подобрија резултатот во Лисабон. Градоначалникот, социјалистот Антонио Коста, освои повеќе од 50 проценти и со тоа десет проценти повеќе отколку на изборите во 2009 година.

Премиерот Пасос Коељо го призна поразот на неговата партија. Во првата реакција премиерот зборуваше за еден од „најлошите порази“ во историјата на неговата либерална Социјалдемократска партија. Тој, меѓутоа, најави дека има намера да продолжи на курсот за санација.

Pedro Passos Coelho vor der Presse nach der Kommunalwahl
Премиерот го призна поразотФотографија: Reuters

Локалните избори, на кои беа повикани 9,5 милиони Португалци, се сметаа за тест за политиката за штедење на централно-десничарската владина коалиција. Владата од Социјалдеморкатската партија ПСД, десничарско ориентираната ЦДСВ и повеќе министри кои не припаѓаат на ниту една партија, е предмет на силна критика поради нејзината политика на штедење.

Тројката (ЕУ, ЕЦБ и ММФ) во мај 2011 година му одобри на Лисабон 78 милијарди евра итни кредити. Португалската влада тогаш се обврза на строга програма за штедење и реформи. Премиерот Пасос Коељо повеќе пати истакна дека исходот од локалните избори нема да има последици врз политиката на земјата.