1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Последен настап на Кофи Анан

20 декември 2006

Десет години Кофи Анан беше на челото на Обединетите нации. Во тој период мораше да посредува во тешки меѓународни кризи, да ја турка реформата на светската организација и истовремено да издржи тешки критики. Како тој самиот ја гледа изминатата деценија?

https://p.dw.com/p/Aduj
Кофи Анан заминува по десет години, со релативна горчина
Кофи Анан заминува по десет години, со релативна горчинаФотографија: AP

Атмосферата на неговата последна прес-конференција релативно опуштена. По десет години Кофи Анан билансира и уште еднаш го искористи подиумот да побара решавање на кризата во Дарфур:

„Не можам доволно да ја подвлечам итноста на ситуацијата која секојдневно се влошува. Од регионот бегаат оние што помагаат, секој ден умираат луѓе и ќе умрат во уште поголем број ако итно не се подобри ситуацијата„.

Авганистан, Иран, Ирак, Кипар, реформите на Обединетите нации, сканадлот во проектот нафта за храна: за еден час Анан уште еднаш ги претстави големите теми од тој период од негов аспект.

Меѓу најтешките моменти за Анан е неможноста на Обедиентите нации да ја спречат војната во Ирак, како и скандалот нафта за храна. Тој се пожали дека скандалот беше искористен за организацијата да се стави во ќорсокак:

„Кога историчарите подоцна ќе се навратат кон ова време, мислам дека ќе речат: да, имаше погрешен менаџмент и некои соработници беа замешани. Но, сканадлот беше во главните градови и кај 2 илјади и 200 фирми кои правеа дил со Садам Хусеин„.

Тој уште еднаш подвелече дека Обединетите нации се неизбежна организација:

„Треба да се запрашате ако веќе ги нема Обединетите нации кој ќе зборува за сиромашните и слабите. Кој ќе ја координира помошта во некое следно цунами? Кој испраќа трупи за заштита на слабите и беспомошните? И кој треба да ги храни бегалците во Дарфур и во други региони?„

На прашањето кој шеф на држава му оставил најголем впечаток во изминатите десет години, Анан одговори дипломатски:

„Сите имаат свои квалитети„.