1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Посмртна церемонија за Арафат во Каиро

12 ноември 2004

Во египетскиот главен град Каиро за денеска е закажана државна церемонија за починатиот палестински претседател Јасер Арафат.Неговото тело со воен француски авион синоќа беше пренесено во Каиро.На официјалната посмртна церемонија доаѓаат политичари од највисок ранг од целиот свет.Тие утрово ќе се простат од Арафат во џамија на аеродромот во Каиро.

https://p.dw.com/p/AcJr
Палестинците во Газа жалаат по Арафат
Палестинците во Газа жалаат по АрафатФотографија: AP

За последен пат Јасер Арафат синоќа беше вратен во Каиро.Тој таму за првпат го здогледал светлото на денот пред 75 години.Во египетскиот главен град поминал дел од детството,студирал електротехника и застанал на сцената на меѓународната политика:во 1969 година со големо мнозинство бил избран за претседател на Палестинската ослободителна организација.Во првиот брак тој се ожени со палестинскиот народ,во вториот со сопругата Суха,која ги придружува посмртните останки на својот маж во Каиро и на Западниот брег,во Рамалах.

Бројни шефови на држави и влади од целиот свет ќе учествуваат на посмртната церемонија за Јасер Арафат во Каиро.Говори,изјави,пофалби и химни во негова честна оваа церемонија нема да има,зашто тоа не е вообичаено во исламот.Во средиштето ќе биде посмртната исламска молитва.Муслиманските гости на церемонијата ќе стојат во долги редици со поглед кон Мека,молејќи го Бога да ја прими душата на Арафат.

Египетските безбедносни сили се во состојба на најголема готовност.Посмртната свеченост не е јавна,зашто ризикот е преголем.Ниту едне политички водач по Египќанецот Гамал Абдел Насер меѓу арапските маси не предизвикувал толку спротиставени емоции како Јасер Арафат.

И ниту еден арапски државен шеф немаше потесни врси со Арафат отколку египетскиот Хосни Мубарак.Историјата е сведок за неговиот одважен став во одбраната на палестинското дело,изјави египетскиот претседател,додавајќи,тој верува во способноста на палестинското раководство и палестинскиот народ да ги заврши одмаздите и да ги продолжи напорите за легитимна палестинска држава.

Каиро како место на официјалната посмртна церемонија им овозможува на арапските водачи да се простат од Арафат.Тие во никој случај немаше да одат во Рамала,окупирана област од Израелците.Но ни во Каиро нема да дојдат сите шефови на држави и влади од Арапската лига,која опфаќа 22 земји.Пред се во заливските држави на Арафат не му е простено што пред 14 години не застана против Садам Хусеин .

Германија на посмртната церемонија ќе ја претставува шефот на дипломатијата Јошка Фишер.Многу земји од ЕУ исто така ги испраќаат своите министри за надворешни работи.САД,во кои се полагаат толку многу надежи за повторно оживување на блискоисточниот мировен процес,во Каиро го испраќа стручњакот за Блискиот исток и заменик државен секретар Вилијам Брнс.

По околу едночасовната церемонија,телото на Арафат треба да биде пренесено во Рамалах,каде денеска и ќе биде погребано.