1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Посрамениот Мардок нападнат за време на сведочењето

19 јули 2011

Медиумскиот магнат Руперт Мардок пред комисијата во британскиот парламент изјави дека се срами поради скандалот со прислушкувањето и се извини за постапката. Непознато лице го нападна за време на сведочењето

https://p.dw.com/p/11zl9
Сослушувањето во парламентот во ЛондонФотографија: picture alliance/dpa

Мардок, сопственик на компанијата Њуз Корпорејшн во чиј состав беше и згаснатиот британски таблоид „Њуз оф д Ворлд“, на сослушувањето рече дека не бил упатен во случајот и дека одредени вработени во компанијата погрешно го информирале за скандалот со прислушкувањето.

80-годишниот Мардок рече дека денешното појавување и сослушувањето пред комисијата на британскиот парламент му е најтешкиот ден во животот. Тоа е и прво појавување на Мардок пред британскиот парламенто во неговата 40 годишна медиумска кариера во оваа земја.

Во текот на сослушувањето Мардок во повеќе наврати беше прекинуван. Лабуристичкиот пратеник Том Вотсон му поставуваше остри прашања, на кои се обидуваше да одговори и неговиот син Џејмс, инаку претседател на компанијата која го издаваше таблоидот.

„Сакам да нагласам дека ми е многу жал, дека на сите ни е многу жал, особено поради жртвите на нелегално сниманите разговори и нивните семејства“, изјави Џејмс Мардок.

Мардок нападнат од непознато лице

Пред сослушувањето на семејството Мардок, пред комисијата изјава даде и шефот на лондонската полиција Пол Стивенсон, кој вчера поднесе оставка на функцијата. Тој призна дека 10 од 45 новинари во неговото одделение за печат биле поранешни вработени во „Њуз оф д Ворлд“, но демантираше дека имало недозволени контакти.

Scotland Yard Paul Stephenson Murdoch News of the World Abhörskandal
Поранешниот шеф на лондонската полиција Пол СтивенсонФотографија: AP

Сведочењето на Мардок попладнето беше прекинато на десетина минути, откако непознато лице се обиде да го нападне Руперт Мардок со, како што соопшти британската полиција, непознат бел прашок, извикувајќи притоа „ти си алчен милионер“. На сослушување вечерва треба да се појави и поранешната „десна рака“ на Мардок и уредничка на „Њуз оф д Ворлд“, Ребека Брукс.

За утре е закажана и вонредна седница на британскиот парламент посветена на скандалот, на која треба да се обрати и премиерот Дејвид Камерон.

Автор: Борис Георгиевски/ројтерс/бета

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема