1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потврдена победата на Пена Њето

АТ/ дв/ миа6 јули 2012

Изборната комисија на Мексико ја потврди победата на кандидатот Пена Њето на претседателските избори. Неговиот главен противник одби да го признае поразот.

https://p.dw.com/p/15SAB
Фотографија: AP

По пребројувањето на дел од гласачките ливчиња на претседателските и паламентрани избори во Мексико потврдена е победата на Енрике Пена Њето. Според изборната комисија не постои причина, резултатот да не се признае.

Победата за Пена Њето ќе значи враќање на власта на Институционално-револуционерната партија, која во Мексико владееше од 1929 до 2000 година.

По пребројување на 99 проценти од гласовите партијата на кандидатот Пена Њето освоила 38,2. Предноста пред неговиот против кандидат Андрес Мануел Лопез Обрадор изнесува 6,7 проценти. Лопез Обрадор не го признава поразот, поради сомневања за изборна измама.

Кон сомневањата за законитоста на изборите се приклучи и третопласираниот кандидат - Џозефина Васкес Мота од партијата Национална акција. Слично на кандидатот на Партијата за демократска револуција, Обрадор, и таа се жали дека Пена Њето трошел огромни суми за време на својата кампања. Освен тоа, Мота тврди дека предизборните сондажи што покажувале победа за Пена Њето со двоцифрена разлика, биле само „пропаганда“ во негова корист.