1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потпишан коалициониот договор

18 ноември 2005

Коалиционите партнери во Берлин денеска го потпишаа коалициониот договор

https://p.dw.com/p/AcBF
Меркел и Плацек го потпишуваат договорот
Меркел и Плацек го потпишуваат договоротФотографија: AP

“Овој договор ги нуди сите можности за на прашањето на луѓето “дали ни оди подобро?“ во 2009 година да можеме да одговориме заеднички - ДА. Овој договор нуди можност, доколку го земеме како основа за нашите дејства и доколку сме решителни, да ја завршиме работата со радост и страст.“

Вака денеска идната канцеларка, Ангела Меркел, го претстави документот кој брои речиси 190 страници и кој е основа за работењето на коалиционата влада составена од Унијата и Социјалдемократската партија во наредните 4 години. Документот не смее да остане само документ, предупреди Меркел, а лидерот на СПД, Матијас Плацек, вети:

“Владата на големата коалиција стапува на должност за да направи се – луѓето во нашата земја повторно да почувствуваат самодоверба, да имаат повеќе доверба и сигурност, за повторно да го чуствуваат тлото под нозе. Социјалдемократската партија на Германија ќе го даде нејзиниот придонес токму за такво нешто.“

Плацек ја повтори својата теза дека живее во прекрасна земја, која е стабилна, но дека застојот и во стабилните земји значи уназадување. Првиот човек на помалата сестринска партија на ЦДУ, Христијанско-социјалната унија, Едмунд Штојбер, е убеден дека големата коалиција ќе има успех.

“Цврсто сум убеден дека оваа влада ќе има успех и од се повеќе0 посакувам оптимизмот да се врати во нашата земја, а особено кај луѓето кои го креираат јавното мислење. Мислам дека ако сме свесни дека може да се каже “чашата е полупразна“ или “чашата е полуполна“, тогаш на почетокот треба да се каже дека имаме потенцијал и креативност да кажеме “чашата е полуполна“. Да се фатиме за работа.“

Потпис на договорот на големата коалиција денеска не ставија само партиските лидери на ЦДУ,ЦСУ и СПД, туку и идниот вице-канцелар, Франц Минтеферинг, шефот на францијата на ЦСУ, Михаел Глос, како и заменикот шеф на СПД, Елке Фернер. Минтеферинг денеска оцени дека СПД и унијата во изминатите 36 години честопати застанувале една против друга рефлексно и дека затоа големата коалиција би можела да ја промени политичката култура.

Коалициониот договор беше завршен пред една недела, по што беше одобрен и од страна на партиската база на коалиционите партнери.