1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потрага по опасни криминалци кои избегаа од косовскиот затвор Дубрава

20 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BW4f

Косовската полициска служба побара помош од соседните земји во потрагата по седуммина затвореници осудени за тероризам или тешки кривични дела кои избегаа од затворот Дубрава. Меѓу нив се наоѓаат и Лирим Јакупи кого Македонија го бара за поврзаност со нападот во кој во 2004-та година беа ранети тројца македонски полицајци како и Рамадан Шити кој е обвинет за убиство на таксист и за бомбашки напад врз полициската станица на Бит Пазар . Косовската полиција смета дека затворениците при бегството имале вооружена помош од надвор а ја истражува можноста за евентуална помош од внатре .