1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Образование

Почеток на учебната година во Ковид-услови

1 октомври 2020

Првиот училишен ден по шестмесечна пауза поради коронавирусот во С. Македонија мина во знак на протоколите за заштита од Ковид-19, но и со протести и бојкоти. На онлајн наставата присуствувале 70% од учениците.

https://p.dw.com/p/3jIoB
Erster Schultag in Nordmazedonien
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Со задоцнување од еден месец и по повеќе од 6 месечна пауза, за десетици илјади деца и млади денеска повторно започна учебната година во Северна Македонија. Во неколку општини веќе се најавуваат протести и бојкот на наставата, додека во други наставата тече со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19.
Според податоците на Министерството за образование (МОН), на физичката настава предвидена за учениците од прво до трето одделение се појавиле 98% од децата, додека останатите 2% останале дома.
Далеку помало е учеството на учениците во онлајн наставата. Од дома во наставниот процес се приклучиле околу 70% од учениците. За нив, според МОН, наставата минала „успешно или со помали проблеми“.
„Од друга страна, 20% од учесниците на онлајн часовите во основно образование пријавиле проблеми во најголем дел со опремата со која располагаат училиштата, интернетот, или опремата на учениците“, соопшти МОН.

Erster Schultag in Nordmazedonien
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Погледнете како се одвиваше наставата во две скопски училишта денеска: 

Со барање да им се овозможи физичко присуство на наставата протестираа или бојкотираа средношколци во Струга, Дебар, Куманово и Тетово; како и родители на основци во Македонска Каменица и Вевчани. Заедничка на сите им е недовербата во онлајн платформата која треба да овозможи следење на наставата и учење од дома.
Премиерот Зоран Заев кој, заедно со министерката за образование Мила Царовска, го посети основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Скопје, ги потсети ученици да носат маски, да ги мијат рацете и да одржуваат дистанца. 

Erster Schultag in Nordmazedonien
Фотографија: Petr Stojanovski/DW


Сите мора да бидеме солидарни и да покажеме разбирање во целиот овој процес. Ако сите се придржуваме до мерките полесно ќе ја поминеме оваа училишна година и на тој начин ќе се погрижиме таа да биде единствена и последна ваква“, рече Заев.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи