1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина Ариел Шарон

СН/жа/афп/дпа/миа11 јануари 2014

По осум години минати во кома, на 85-годишна возраст почина поранешниот израелски премиер Ариел Шарон, објави денеска неговиот син Гилад Шарон.

https://p.dw.com/p/1Ap5G
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Тој почина. Замина кога тој реши да замине“. Со овие зборови Гилад Шарон ја објави смртта на неговиот татко Ариел Шарон, поренешен израелски генерал и премиер.

Шарон беше во кома по мозочниот удар кој го доживеа на 4. јануари 2006. година, и неговата здравствена состојба исклучително се влоши од 1. јануари годинава, соопшти тогаш Медицинскиот центар Шеба во Ерусалим каде лежеше Шарон. Центарот денеска соопшти дека Шарон починал нешто по 13 часот според средноевропско време.

Ариел Шарон беше премиер на Израел од 2001. година. Четири години подоцна имаше послаб мозочен удар, а во 2006. година тој претрпе уште еден, овој пат многу појак удар, по што падна во кома.

Тој беше професионален војник на израелската армија, кој учествуваше во три израелско-арапски војни. За многу Израелци тој е воен херој, па кога одлучи униформата да ја замени за политиката, многу израелски гласачи му дадоа доверба. Во 2005. година, и покрај силното противење на многу Израелци, Шарон одлучи да изврши еднострано повлекување на израелската армија од Појасот Газа. Со одлука на Владата во Ерусалим, од оваа палестинска област беа дислоцирани и сите израелски доселеници кои подоцна добија надомест и нови станови и куќи во населбите што се градат околу градовите во Израел и на Западниот Брег. Нему му се припишува контроверзната одлука за изградба на високиот бетонски ѕид на Западниот Брег, со образложение дека на тој начин Израел ќе се заштити од палестинските терористи.