1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина аудио-пионерот Реј Долби

Р.Ѓоргиев/СН/афп/ртр13 септември 2013

Компанијата Долби денеска (13.09) објави дека нејзиниот основач и создавачот на пионерскиот ситем кој ја намалува бучавата кај аудио снимките и татко на сараунд системите, Реј Долби, почина на возраст од 80 години.

https://p.dw.com/p/19hBC
Фотографија: picture alliance/AP Photo

Компанијата соопшти дека по долго боледување од Алцхајмерова болест и акутна леукемија која му беше дијагностицирана во jуни, Реј Долби им подлегнал на болките и починал во својот дом во Сан Франциско. Неговите системи ја прославија компанијата и без нив филмската и кино индустријата немаше да бидат тоа што се денес.

Долби е роден во Портланд, во сојузната американска држава Орегон, а израснал во Сан Франциско. Тој ја започнал својата кариера работејќи на проект кој требало да помогне во снимањето на видео ленти во 1950-тите години во компанијата Ампекс Кооперација. По овој проект ги комплетирал своите докторски студии на универзитетот Кембриџ во Лондон, каде нешто подоцна ќе ја основа и компанијата „Долби лабараторис“. Тој стана познат по својата работа на намалување на бучавата на аудио снимките и создавањето на сараунд системите. Ја преместил својата компанија во Сан Франциско во 1976, а во 1989 година му беше доделен Оскар за неговиот придонес за кино индустријата. Долби во мометов е сопственик на 50 патенти во САД, вкучувајќи го и најновиот „Атмос“-систем, кој испраќа команди до поединечни звучници и на тој начин прави да изгледа дека одредени ефекти, како што се чекори, експлозии или дожд, доаѓаат од одреден дел на кино салата.

Oscar-Verleihung 2013 Vorbereitungen
Фотографија: picture alliance/landov

Мината година неговата компанија ја купи салата во Лос Анџелес каде се одржува доделувањето на Оскарите, откако Кодак банкротираше и сега тој ќе се нарекува „Долби театар“. Под негово водство компанијата успеа да собере 13 Оскар статуетки и 13 ЕМИ награди за нивните револуционерни пронајдоци.

Неговиот син Давид Долби изјави: „Татко ми беше трпелив, грижлив и разумен човек, кој секогаш беше одлучен да ја направи вистинската работа, независно дали тоа беше во бизнисот, филантропијата, или како сопруг и татко. Нашето семејство е гордо на неговите лидерски способности и достигнувања, многу ќе ни недостига, но неговото наследство на иновации ќе продолжи да живее“.