1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина Патрик Свејзи

15 септември 2009

Познатиот актер Патрик Свејзи, по речиси двегодишна битка со ракот на панкреасот, почина доцна синоќа (15.09.2009).

https://p.dw.com/p/Jgm7
Фотографија: AP

Светот првпат слушна за Патрик Свејзи благодарение на една мини-телевизиска серија за американската граѓанска војна. Со филмот „Валканиот танц“ (Dirty Dancing) од 1987 година, достигна светска слава. Во култниот филм, актерот од Тексас го игра романтичниот учителот по танц Џони. Со песната во овој филм „She‘s like the wind“ ги освои срцата на неговите обожаватели. Ширум светот училиштата за танц доживеаја бум, илјадници млади сакаа да научат да танцуваат. Две години подоцна, го доживеа вториот врв во кариерата со играниот филм „Дух“. Во него Свејзи ја игра улогата на убиен банкар, кој сака да ја штити својата сопруга.

Patrick Swayze in Dirty Dancing
Патрик Свејзи во „Валканиот танц“Фотографија: AP

Во јануари 2008 година, кај Патрик Свејзи беше дијагностициран рак на панкреасот. Последните две години го негуваше неговата сопруга Лиза, со која беше во брак 35 години. Патрик Свејзи, во април годинава, се предаде во борбата со ракот. Откако терапијата не донесе никакви резултати, тој го прекина лекувањето. Почина на возраст од 57 години.

Автор: АТ/ТТ/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска