1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина Криста Волф

1 декември 2011

На 82 годишна возраст во Берлин денеска (01.12) почина Криста Волф, една од најзначајните писателки во повоена Германија. Таа потекнува од источна Германија и нејзините дела се преведени на повеќе од 20 јазици.

https://p.dw.com/p/13KWm
Германската писателка Криста ВолфФотографија: dapd

Писателката Криста Волф почина, објави денеска нејзината издавачка куќа Зуркамп. Криста Волф во нејзиниот животен опус критички и самокритично ги претставуваше борбите, надежите и заблудите на нејзиното време и тоа со длабока морална искреност и раскажувачка моќ.  Меѓу најпознатите романи на Волф спаѓаат „Размислувања за Криста Т.“, „Касандра“  „Поделен рај“ или „Медеа гласови“.

Со 34 години таа беше славена како нов литературен глас на Германската Демократска Република. Но, интересот на Волф за индивидуалното, нејзиното залагање за правото да се биде аутсајдер не се вклопувше во социјалистичката културна шема, исто како и нејзините феминистички хероини, Гиндереде, Бетине Бретано, Касандра. Криста Волф стана фигура за идентификација и литературно ехо на женското движење на истокот и на западот.

Schriftstellerin Christa Wolf Buchvorstellung Stadt der Engel
Криста Волф при претставувањето на последната нејзина книга „Градот на ангелите“Фотографија: picture alliance / dpa

Верна на утопијата за демократски социјализам

Германската Демократска Република се’ повеќе критички гледаше на Волф, но таа остана лојална дисидентка. И државата и‘ допушташе непречено да патува ширум светот, беше професор-гостин во Охајо, Единбург, Цирих, одеше на одмор на Азурниот брег и на Црното море, учествуваше на конгреси и манифестации за доделување награди, како кај братските држави, така и кај класните непријатели. Но, таа постојано се враќаше во ГДР. Никаде на друго место не можам да пишувам и живеам, велеше Волф.

На осми ноември 1989 години, еден ден пред падот на Берлинскиот ѕид, Криста Волф, во информативните емисии во ГДР агитираше за утопијата на демократскиот социјализам.

И по падот на Берлинскиот ѕид, таа се придржуваше кон идеалот за демократски социјализам. Заедно со колегите, како Фолкер Браин и Штефан Хејм, изработи предлог за нов Устав, но повторното обединување на Германија ги престигна сите утопии. Единствената сегерманска класичарка сега беше прогласена за „државна поетеса“.

Die deutsche Schriftstellerin Christa Wolf,
Фотографија на Криста Волф направена во 1973 годинаФотографија: picture-alliance/ZB

Добитничка на голем број награди

Во новиот милениум, меѓутоа новата Германија повторно ја пронајде Криста Волф, а таа повторно во книгите како „Медеа“ и автобиографскиот текст го пронајде нејзиниот неспоредлив литературен тон, постојано течниот монолог, во кој фактите и фикцијата, соништата и вистината, се претопуваат во нова реалност. Таа продолжува да пишува. Нејзиниот последен роман „Градот на анѓелите“ беше објавен во летото 2010 година. Волф важи за една од најзначајните посателки во повоена Германија. Долго време за многу читателиво источна и во западна Германија таа беше морална инстанца на другата Германија. Таа е добитник на голем број книжевни награди а многумина во Германија сметаат дека ја зслужила и Нобеловата награда за литература

Автор: СН/ ЖА/дв/дпа

Редактор: Жана Ацеска