1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина Џин Вајлдер

БГ30 август 2016

Познатиот американски комичар почина вчера во 83-та година од животот по подолго боледување. Се прослави со улоги во филмовите како „Младиот Франкенштајн“, „Жена во црвено“, „Продуцент“ и други.

https://p.dw.com/p/1Js0u
Фотографија: Getty Images/E. Agostini

Иако се прослави со улоги во комедии, Џин Вајлдер инсистираше дека тој не е комичар. Роден е во Милвоки на 11 јуни 1933 како Џером Силберман. Неговиот татко беше руски емигрант, а мајка му имаше полско потекло. Кога имал 6 години, неговата мајка преживеала срцев удар по кој останала делумно парализирана. Наскоро започнал да импровизира комични скечеви за да ја развесели.

Во последните три години, Вајлдер боледувал од Алцхајмерова болест.