1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почит за жртвите од атентатите во САД

11 септември 2011

Ширум светот денеска се одржуваат комеморативни свечености во знак на сеќавање и почит за жртвите на терористичките напади во САД од пред 10 години.

https://p.dw.com/p/12Wrv
Ненси Скејлс Тарасио денеска на комеморацијата на „Граунд зиро“ ќе ги читаат имињата на жртвите од атентатитеФотографија: DW

Во Австралија, Нов Зеланд и Малезија им беше оддадена почит на нивните сонародници, кои ги загубија животите во нападите врз Светскиот трговски центар. Во САД, пак, денеска ќе се одржат комеморации на сите три места каде беа извршени атентатите, во кои загинаа преку 3.000 луѓе. Американскиот претседател Барак Обама ќе присуствува на сите три манифестации. Со оглед на најновите закани со теростички напади, Обама во обраќањето до нацијата побара не само тајните служби, туку и граѓаните двојно да ја зголемат будноста на овој ден.

Автор: ГЧ/дв

Редактор: Е.М.Фиданоска