1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнаа изборите во Ирак

30 јануари 2005
https://p.dw.com/p/AcHn
Фотографија: AP

”Денеска е голем ден за Ирак и за Ирачаните. Денеска првпат одлучуваме за нашата иднина. Како што видовте, гласаа претседателот и премиерот и многу други. Тие ги повикаа останатите Ирачани да гласаат каде и да се. Терористите и објавија војна на демократијата и на изборите, но нема да успеат.”

Вака денеска, 14-те милиони Ирачани со право на глас, да излезат на избори ги повика портпаролот на преодниот премиер, Ијад Алави. Изборите се засенети од голем број напади врз избирачки места. Само во регионот на Багдад загинаа 12 луѓе,меѓу кои и повеќемина полицајци. Напади се случија и во градовите Бакуба, Мосул и Басра.

Во упориштето на Сунитите, Самара, гласањето е откажано. Властите соопштија дека за одржување избори не е безбедно. Американските сили, од рацете на сунитските бунтовници, ја вратија Самара под своја контрола во октомври минатата година.

Луѓето во Ирак денеска треба да изберат претставници во Националниот парламент и претставништвата во 18 провинции. Курдите на север на земјата, решаваат и за составот на регионалниот парламент. На првите слободни избори во Ирак во последните 50 години, најголеми шанси има Шиитскиот сојуз ”Обединета ирачка алијанса”.