1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнаа парламентарните избори во Сирија

ЕМФ/дпа/афп7 мај 2012

И покрај тоа што на улиците на Сирија се‘ уште има тенкови, денеска (07.05) во земјата почнаа парламентарни избори. Опозицијата повика на бојкот на изборите.

https://p.dw.com/p/14qy5
Фотографија: picture-alliance/dpa

Револуционерите, кои една година пупусто се обидуваат да го урнат режимот на претседателот Башар ал-Асад, повикаа на бојкот на изборите и формираа свој парламент. Се смета дека одзивот на избирачите ќе биде особено низок во упориштата на бунтовниците - Хомс, Хама, Идлиб, Дараа и Деир ас-Саур. Инаку, иИзборните места треба да бидат отворени до 22 часот по локално време. За 250 пратенички места, според официјални наводи, има 7195 кандидати.

Минатата година, како дел од реформскиот пакет, во Сирија беше донесен закон за партии, кој овозможи регистрација на девет нови политички партии. Опозицијата тоа го оцени како фарса. Таа во земјата веќе 14 месеци се бори против режимот на Асад. Активисти за човекови права проценуваат дека во насилството досега загинале повеќе од 11.000 луѓе. Изборите беа првично планирани за септември 2011 година, но поради насилството во земјата беа одложени.