1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почна Светското првенство во атлетика

27 август 2011

Во Даегу започна Светското првенство во атлетика. Ова е најголемиот спортски настан во 2011 година. 1945 атлетичари од 202 земји во наредните 9 денови ќе ја испишуваат 13-та мондијалска сторија.

https://p.dw.com/p/12ObX
Фотографија: IAAF 2009 TM

Настаните од стадионот во Даегу, со посредство на телевизискиот сигнал, ќе бидат присутни на териториите на 200 земји од целиот свет. На тартанот обоен со сина боја, по примерот на претходниот домаќин, Берлин во 2009-та година, ќе продефилира комплетната светска атлетска елита. За Јужна Кореја ова е настан од исклучително значење, речиси рамен на Олимписките игри во Сеул во 1988-та година и Светското фудбалско првенство во 2002-та, заеднички организирано со Јапонија. Еден од градовите во кои се играа натпреварите беше и Даегу.

Единствената македонска атлетичарка Ивана Рожман ја мина првата пречка на светското првенство. Во прелиминарната трка на 100 метри беше 4-та во групата, со истрчани 12.48 секунди.Според постигнатиот резултат таа се избори за 1-то коло од квалификациите на 100 метри, кои ќе се трчаат в недела (28.08) претпладне.

 

Автор: Златко Калински

Редактор: Е.М.Фиданоска