1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почна штрајкот на вработените во Рајанер

ЕМФ / дв
12 септември 2018

Пилотите и летечкиот персонал на авиокомпанијата Рајанер во Германија штрајкуваат. Патниците мора да сметаат со откажување летови и доцнења. Ирската авиокомпанија е лута.

https://p.dw.com/p/34iSF
Deutschland, Düsseldorf: Ryanair Flugzeug am Flughafen Weeze
Фотографија: Reuters/W. Rattay

Пилотите и летечкиот персонал во ирската авиокомпанија Рајанер кои се вработени во Германија разно изутринава почнаа со 24-часовен штрајк. На прекин на работата повикаа здружението на пилоти Кокпит и синдикатот Верди. Штрајкот треба да заврши утре во три часот изутрина по средноевропско време.

Рајанер откажа 140 од 400 планирани летови кон и од Германија и, според сопствени наводи, ги извести патниците за тоа. Останатите летови, како што тврди менаџерот на Рајанер, Питер Белу, ќе бидат реализирани. Авиокомпанијата соопшти дека патниците чии летови се откажани можат да променат резервација или ќе ги добијат назад парите за билетот. Рајанер меѓутоа одбива да им плати обесштетување на патниците.

Ryanair-Werbung | Europa: Grenzenlos günstig
Актуелните плати на летечкиот персонал во Рајанер, според синдикатот Верди, се „толку ниски, што не се доволни за живот“Фотографија: imago/Ed Gar

Синдикатите бараат подобри услови за работа и повисоки плати. За таа цел првпат би требало да се склучат тарифни договори. Здружението Кокпит критикува дека Рајанер, и покрај штрајкот во август, сѐ уште не дала „подобра понуда“ во преговорите.

За синдикатот Верди ова е прв штрајк во Рајанер. „Како ќе оди натаму зависи од преговорите“, изјави членот на раководството на синдикатот, Кристине Беле. Мислењата на Верди и Кокпит не се секогаш на иста линија, но, како што се вели, се прават обиди за усогласување.

Актуелните плати на летечкиот персонал во Рајанер, според Верди, се „толку ниски, што не се доволни за живот“. Кон тоа треба да се додадат и „лоши услови за работа и голем притисок врз вработените“.

Irland Ryanair-Piloten streiken
Пилотите на Рајанер во Ирска штрајкуваа повеќепати, по што беше постигната согласност со авиокомпанијатаФотографија: picture alliance / empics

Закани од Даблин

Ирската авиокомпанија реагира налутено на штрајкот, за кој, како што тврди, „нема оправдување“. Се вели дека во фирмата-ќерка на Луфтханза - Еуровингс, Кокпит одамна има прифатено пониски плати од оние што ги бара од Рајанер. Истовремено, авиокомпанијата се заканува со кратење работни места.

Повеќе: Рајанер одобри пилотски синдикат

Рајанер уште во јули им се закани на своите вработени во Ирска со преселба на работни места во земји со ниски примања. Се велеше дека авиофлотата во Ирска ќе се намали, а ќе се зголемат работни места во Полска. По неколку штрајкови на пилотите и постигнувањето согласност со тамошниот синдикат, ваквата одлука е повлечена.