1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнува Вимблдонскиот тениски турнир

25 јуни 2007

На екипниот европски куп во атлетика во Минхен, Германката Кристина Обергфел постигна нов европски рекорд во фрлање копје.Денеска во Вимблдон почнува најпрестижниот тениски турнир во светот:

https://p.dw.com/p/B00l
Вообичаена слика на вимблдонскиот турнир: дожд. Годинава барем нема да паѓа врз публиката на централниот теренФотографија: AP

Два дена атлетичарите од најсилните европски репрезентации ги одмеруваа силите на натпреварите во Минхен. Во пријатни климатски услови и одлична посетеност на публиката, на крајот кај мажите победија Французите кои собраа 116 поени. Исто толку имаше и репрезентацијата на Германија, но со помалку втори места. На трето место се пласираа Полјаците. Кај жените убедлива победа на руската репрезентација која собра 127 поени. Втора беше Франција со 107, а трета Германија со 94 ипол поени. Највреден резултат постигна Германката Кристина Обергфел која го подобри сопствениот европски рекорд во фрлање копје. Во вториот обид, светската вице - шампионка постигна резултат од 70 метри и 20 сантмиетри, со што го подобри сопствениот рекорд постигнат на светското првенство во Хеслинки пред две години, за 17 сантиметри. Светскиот рекорд го држи Кубанката Ослејдис Менендез со 71 метар и 70 сантиметри. По постигнатиот рекорд, Обергфел изјави:

„Добро се чувствував и уште во средата имав добри резултати, па немав никаков притисок зашто знаев дека противничките не се премногу силни. Решавачко беше второто фрлање, слично како и на светското првенство„.

Во Гронинген во саботата се одигра финалниот натпревар на европското првенство за фудбалери до 21 година. Противници беа репрезентациите на Холандија и Србија. По 90 минути, резултатот гласеше 4 српема 1 за Холандија чија екипа на тој начин ја одбрани титулата освоена во минатата година на првенството во Португалија. Холанѓаните титулата ја совија наполно заслужено, зашто за време на целиот натпревар беа подобрата екипа.

Сега за тенискиот турнир во Вимблдон што започнува денеска: англискиот летен дожд запре токму на време. Првите кампери уште вчера попладне ги местеа шаторите за од денеска да фатат ред за билети за централниот терен. Скоро се е исто пред 121 тениски турнир на Вимблдон, најпрестижниот во светот, па сепак има една драстична промена: еднаква парична награда за победниците во машка и женка конкуренција. Овој бастион падна уште во февруари кога „главата„ на Вимблдон Тим Филипс соопшти дека шампионите во обете конкуренции ќе добијат по милион евра. Втората е помалку спектакуларна: конечно публиката на централниот терен е заштитена од дожд, а во 2009 година текот на натпреварите веќе нема да зависи од климата. Годинава нема да биде така и повторно се заканува „лесен дожд„ до четврток, како што најави лондонската метео-служба.

Инаку, меѓу вкупно 128 тенисери, има и 14 германски професионалци, по седум во двете конкуренции. Камбек одбележуваат Томи Хас и Николас Кифер по отсуството од терените поради повреди. Што е со фаворитите:

Роже Федерер ќе се обиде по петти пат едноподруго да го совои трофејот и на тој начин да го израмни рекородот што го држи Швеѓанецот Бјор Борг кој беше непобедлив на тревнетите терени во Лондон меѓу 1976 и 1980 година. Кај жените Белгијанката Жастин Анин ќе се обиде да и го оспори тронот на Французинката Амели Морезмо која е бранител на титулата.