1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнува најстуденото годишно време

СН/ам/миа/мф/дпа21 декември 2013

Денеска почнува зимата. На 21 декември се бележи најкраткиот ден, односно најдолгата ноќ во годината. Утеха: од утре деновите ќе стануваат подолги.

https://p.dw.com/p/1AeVo
Фотографија: Fotolia© Daniel Loretto #39226027

Најстуденото годишно време - зимата, на северната земјина полутопка ќе започне официјално денеска во 18 часот и 11 минути, а истовремено на јужната полутопка започнува летото.

Зимата ќе трае 89 дена, до 20 март 2014 година во 17 часот и 57 минути, кога започнува пролетта.

Денеска е зимската краткоденица, односно најкраткиот ден и најдолгата ноќ во годината. Денот трае девет часа и осум минути.

Во Скопје сонцето изгрева во шест часот и 57 минути, а заоѓа во 16 часот и пет минути. Месечината изгрева во 20 часот и осум минути, а заоѓа во девет часот и 11 минути.

Долгорочните временски прогнози велат дека температурите во зимските месеци ќе бидат просечни, што значи дека зимата нема да биде многу студена.

За метеоролозите зимата започна уште на 1. декември, со оглед дека тие пресметуваат во полни месеци.