1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнува одбраната на Милутиновиќ во Хаг

6 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BQJ6

Пред Хашкиот трибунал денеска ќе почне доказната постапка на одбраната во судењето на поранешниот претседател на Србија, Милан Милутиновиќ и петорица сообвинети за воени злосторства врз косовските Албанци од 1999 година. Нивното судење почна на 10 јуни 2006 година. На почетокот на мај годинава овинителството заврши со своите докази против обвинетите, по што беше дадена пауза за подготовка на адвокатите на обвинетите за одбрана.