1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По кој пат до излез од меѓународната финансиска криза?

Клаус Кастан12 април 2008

Министрите за финансии на групата на Г7 на средбата во Вашингтон во фокусот ја имаат меѓународната финансиска криза. Германскиот министер за финансии Пер Штајнбрик смета дека во кризата мора да интевренира и државата

https://p.dw.com/p/DgZz
Пер ШтајнбрикФотографија: AP

Патот за излез од меѓународната финансиска криза е спорен. Групата на 7-те најразвиени индустриски земји Г7 бара поефикасна контрола на банките. Тие, пак, наместо регулатива, претпочитаат доброволен кодекс на однесување. Германскиот министер за финансии Пер Штајнбрик уште еднаш се заложи за поефикасна контрола на финансиските пазари.

Тој јасно кажа што ќе биде негово тежиште на средбата со колегите од Г7: „Сметам дека е важно браншата, финансиската индустрија самата да биде активна, но тоа не значи ослободување на политиката од одговорноста“. Штајнбрик смета дека во финансиската криза мора да интервенираат и државите; тој бара ефикасна контрола на финансиските пазари - политиката мора да му постави јасни предуслови на финансискиот сектор за регулирање и контрола.


Како мора да изгледа кризниот менаџмент?


Штајнбрик тоа го резимира на пет полиња на дејствување: „Првото е јакнење на менаџментот на капиталот, на ликвидноста и на ризикот, вклучително и прашањето на надзорот. Второ големо поле на дејствување е подобрување на стандардите за оцени и за транспарентност. Трета тема е подобрување на процесот на рејтингување и користење на рејтингот, а последните две се јакнење на способноста за реакција на надзорните власти и подобрување на менаџментот за стрес-ситуации во финансискиот систем“.


►◄